Скопје / Систем за закажување термини во Сојузното Министерство за надворешни работи на Германија

Листа за термин за вработување според Регулативата за Западен Балкан
Terminliste für eine Erwerbstätigkeit nach der Westbalkanregelung

Тука може да се регистрирате за термин за поднесување на виза согласно § 26 II BeschV.

Ве молиме да се регистрирате само ако ги исполнувате условите за поднесување на барање според Регулативата за Западен Балкан. Преглед на потребните документи ќе најдете на овој линк.

Секој месец ќе се отвора листа на чекање за термин за следниот месец. Листата е отворена околу 2 недели.

Од сите регистрации, компјутерски, по случаен избор по пат на лотарија ќе се избере кој ќе добие термин за поднесување на барање.

Сите регистрации учествуваат во постапката за лотарија, независно од тоа кога била регистрацијата. Регистрацијата што била порано направена нема никаква предност наспроти регистрацијата што била подоцна направена.

Исклучена е можноста за повеќе регистрации. Не постои можност за дополнителна промена на внесените податоци во регистрацијата.

Не е дозволено отстапување на терминот на друго лице. Нема потреба од учество на трети лица (на пр. некоја Агенција) и со тоа не се добива никаква предност.

Ве молиме регистрирајте се сами за постапката и задолжително внимавајте на точноста на Вашите податоци.

Со приложување на потврдата за термин, влез во Визниот оддел ќе биде дозволен само ако личните податоци во пасошот на подносителот на барањето целосно се совпаѓаат со внесените податоци во терминот за регистрација.

Регистрaциите што не добиле термин, ќе бидат избришани на крајот на месецот.

Сите лица, што до крајот на месецот не добиле никакво известување за термин, немале успех на лотаријата, може да се регистрираат на листата за следниот месец.

Ве молиме не испраќате мејлови. За учество во лотаријата за термини во следниот месец, потребна е нова регистрација.

Откако сте се пријавиле на листата за чекање, по автоматски и-мејл ќе добиете потврда со Вашиот референтен број.

Штом добиете термин, ќе добиете втор мејл со датум и време на Вашиот термин. Ве молиме да се најавите со Вашата лична и-мејл адреса и уверете се дека ги добивате нашите мејлови, бидејќи комуникацијата се одвива исклучиво по мејл.

Инаку ризикувате да не ги добиете известувањата и да го изгубите терминот што Ви го доделила Амбасадата. Тоа би била само Ваша одговорност.

Ве молиме обрнете внимание на тоа дека нецелосни или погрешни податоци при регистрацијата водат кон тоа да Ви биде забранет влез во Визното одделение.

Особено името и презимето и бројот на пасош мора да бидат коректни и комплетно да се совпаѓаат со вашите актуелни важечки документи.

Не можете да ги корегирате податоците за регистрација, туку морате да ја сторнирате Вашата регистрацијата и одново да ги внесете точните податоци.

Давање налог на трети лица за резервација на термин не е ниту потребно ниту има смисла.

Izvor / Извор: Terminvergabesystem des Auswärtigen Amts — Skopje
https://service2.diplo.de/rktermin/extern/choose_category.do?locationCode=skop&realmId=629&categoryId=2444

Schreibe einen Kommentar

Deine E-Mail-Adresse wird nicht veröffentlicht. Erforderliche Felder sind mit * markiert

Diese Website verwendet Akismet, um Spam zu reduzieren. Erfahre mehr darüber, wie deine Kommentardaten verarbeitet werden.